Второ издание Дојран Рок Фест, концерт на Ареа

Во Стар Дојран вечер почнува второто издание на Дојран Рок Фест што го организира здружението Андерфест. Фестивалот ќе се одржи кај базенот на хотел Романтик во Стар Дојран, а ќе стартува вечер со настап на групата Ареа која оваа година прославува 30 годишен јубилеј.

Тие ќе ги отсвират нивните вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе бидат Јовче Пандев со неговиот бенд, како и Sound Impulse, соопштија организаторите на фестивалот.

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари. На врата билетот ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за култура, Општина Дојран, Дојран стил, Абсолут и Бифитер.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе