Како што информираат од КИЦ, синоќа во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд паркот во Тирана, дувачкиот квинтет имал едночасовен концерт на отворено, каде се претставиле со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).
„Гранд паркот во Тирана е место каде што после 18 часот попладне, излегуваат на прошетка голем број на жители. Огромниот парк од осум километри, во попладневните и вечерните часови, за разни видови релаксација го користат голем број посетители. Овој простор важи за место каде тиранчаните зборуваат за духовните нешта во овој град и свет. Овој парк е на некој начин духовно светилиште каде се случуваат безброј концерти, театарски претстави, изложби“, соопшти КИЦ.