Во КИЦ на Македонија во Загреб отворени изложбите посветени на Љубомир Бранѓолица

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб од завчера отворени се изложби на уметници од нашата држава.

Станува збор за изложбата на акварели на Марија Светиева и Виктор Брангјолица и изложбата „Каламота подалеку од светлината” на Влахо Бранѓолица по повод 90 години од раѓањето на истакнатиот композитор Љубомир Бранѓолица.

Изложбите се во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, со поддршка на КИЦ на  Македонија од Загреб и Министерството за култура на Македонија.

Виолета Калиќ, куратор на овие изложби и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје, за време на отворањето на изложбите ја истакна релацијата меѓу сите изложби во манифестацијата кои претставуваат врска на разнородните стилски и изразни сензибилитети, стремежот за запазување на духовноста и светлината на духот во стремежот за запазување на етичките и хумани вредности.

Отворањето на изложбите беше одбележано со настап на најмладите ученици од повеќе основни училишта од Загреб, кои изучуваат македонски јазик и кои говореа стихови од стихозбирката „Бели мугри“ на македонски поет Кочо Рацин.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе