Вечерва во Филхармонија Френк Запа во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари

Вечерва од 20 часот Биг бендот на Здружението на џез музичари во Филхармонија ќе свири музика на легендарниот и авангарден музичар Френк Запа. Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл.

Френк Запа претставува една од најкарактеристичните музички фигури кои го одбележаа 20-тиот век и се смета за еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на неговата генерација. Тој е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со нонконформизам, импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на америк анската култура.

Во својата кариера, долга повеќе од 30 години, Запа компонира во рамките на рок, поп, џез, џез- фјужн музика, создава оркестарски и Musique concrète дела (музика која користи снимени звуци од природата) и ги продуцира речиси сите, повеќе од 60, албуми издадени со неговиот бенд Mothers of Invention и како соло уметник. Тој, исто така, режирал долгометражни филмови и музички спотови, и дизајнирал корици на албуми.

Запа накратко експериментирa со биг бендови во раните 70-ти и повторно за време на неговата последна турнеја во 1988 година, но неговата музика совршено се адаптира за биг бенд изведба. 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе