Вeчерва во Битола почнува „Интерфест“

Со изведба на балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ на македонската Национална опера и балет, вечер во Битола почнува најновното издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“.

Како што е познато, кореограф на двете балетски претстави е гостинот од Унгарија Габор Кевехази, сценографијата е на Марија Ветерова, а костимографијата на Марија Пупучевска.
Во периодот до 12 октомври на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, годинава освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.
Во рамки на 31. издание на „Интерфест Битола 2022“ ќе биде приредена и поетска вечер со актерот Петар Мирчевски, посветена на македонскиот поет, романописец и есеист Славко Јаневски. 
 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе