Вечерва на „Илинденски денови“ ансамбли и од САД, Полска, Италија и Шпанија

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на традиционална музика и игра на која ќе настапат македонски и ансамбли од САД, Полска, Италија и Шпанија.

Вечерашната програма ќе ја отворат членовите на КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод, а на фестивалската сцена ќе настапат и фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци, КУД „Дримкол“ од Вевчани и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола.

Публиката ќе може да следи нови фолклорни кореографии на гостите од Полска, Италија, САД и ансамблот Де Корос од Мадрид, Шпанија.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, којшто се одржува под покровителство на Собранието и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, завршува на 30 јули со доделување на награди и признанија на македонските ансамбли и вечер на интернационална музика и игра.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе