Утре во Истанбул концерт на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска

Пламенка Трајковска -  гудачки квартет ќе одржи ексклузивен концерт во Истанбул, Турција. Концертот ќе се одржи утре, 13 јуни во 19 часот во православната црква Пресвета Богородица во Истанбул на покана на Светата архиепископија на Константинопол во општина Јеникој. Концертот е во чест на патријархот Вартоломеј и промоцијата на книгата „Од Имврос до Фанари патријархот Вартоломеј”.

Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти на сите сцени во Македонија и на најзначајните фестивали кај нас како: Скопско лето, Битфест, Штипско лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други манифестации. Членовите на гудачкиот квартет реализирале концерти во Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Франција и Танзанија.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата архиепископија на Константинопол.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе