Утре свечен концерт во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Свечениот концерт во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност  Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање ќе се одржи утре во 20 часот во Фоајето на НУ Национална опера и балет.

Настапуваат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Драган Даутовски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Нинослав Димов, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, проф. м-р Фросина Балова, проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, проф. д-р Искра Шукарова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Андријана Јаневска, м-р Бобан Ковачевски.

Влезот е слободен. Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе