петок, 26 април 2024

Пукната цевка ја поплави Тоскилогија, клиниката не e осигурана

Синоќа скоро два часа течела вода од пукната цевка од парното на Клиниката за токсикологија поради што бил полавен третиот кат на килинката, а водата се слевала сѐ до подрумот. Клиниката не била осигурана од штети, нешто на што неодамна предупредија вработени во клиниката преку писмо упатено до јавноста. МКД.мк пред повеќе од еден месец прв го отвори прашањето и напиша за состојбите на Клиниката за токсикологија особено по назначувањето на економската директорка Бесија Иљази на еден ден пред формирањето на техничката Влада.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за здравство потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

„Нема штета, сѐ е повторно вратено во функција“, велат од Министерството за здравство за МИА.

Клиниката не била осигурана од штети, нешто на што неодамна предупредија вработени во клиниката преку писмо упатено до јавноста.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката Бесија Иљази не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани“. реагираа неодамна докторите од Токсикологија.

Долг од два милиони денари, хаос, со месеци чекање валидизирани резултати – се само дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во Клиниката за токсикологија откако за вршителка на должноста организациска директорка е назначена Бесија Иљази, се пожалија дополнително докторите.

По ова, министерот за здравство Илир Демири, најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски по што и ја спроведе најавената одлука.

Во врска со работењето на економската директорка Иљази рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на законите.

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија, утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонрeдниот инспекциски надзор по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија, поднесена поради незадоволство од работењето на клиниката особено со статусот на здравствените работници и соработници кои работеле без никаков договор за вработување после 31 декември 2023 година.

МКД.мк пред повеќе од еден месец прв го отвори прашањето и напиша за состојбите на Клиниката за токсикологија особено по назначувањето на економската директорка Бесија Иљази на еден ден пред формирањето на техничката Влада.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ