Таксират во вторник на три бини во СЦ „Борис Трајковски“

Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум и десетина други за големото затворање на 23-от Таксират фестивал.

Финалето на 23-от Таксират фестивал – најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа, ќе се одржи во вторник, 7 декември во Скопје. Со вкупно 14 настапи на три бини во СЦ „Борис Трајковски“, за големото затворање на овогодишниот Таксират пристигнуваат водечки светски, регионални и домашни музички уметници на електронската, рок, метал и трап/хип-хоп сцена.

На главната бина на Таксират посетителите ќе имаат привилегија да уживаат во премиерниот настап во Македонија на фамозниот маестро Борис Брејча - истакнат суперхерој на светската електронска сцена и еден од најбараните изведувачи на денешницата кој и покрај веќе трасираните музички правци сепак одлучи да создаде свој звук и дочека неговиот „хај-тек минимал“ да биде еден од најпопуларните електронски стилови денеска, а тој да настапува на сите најголеми светски фестивали со препознатливата „џокер“ маска. Заедно со Брејча, од Германија пристигнува и неговата долгогодишна соработничка, извонредно харизматичната Ен Клу – позната по своите непредвидливи сетови и посебна енергија.

Главната бина на Таксират оваа година има чест да биде домаќин на три исклучително значајни, легендарни музички имиња од македонската и регионалната сцена и тоа неуништливите Партибрејкерс - еден од највлијателните и најистрајни рок бендови во регионов кои веќе 40 години воодушевуваат испорачувајќи моќен звук на сцена; култниот Мизар - ѕвездата водилка на македонската музичка авангардна, алтернативната рок група која важи за пионер на дарк-вејв естетиката во регионот; и најзначајната македонска треш-метал група Санаториум – подеднакво култно име кое три децении е музичка лектира на балканската метал-сцена.

Втората бина, лоцирана во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ е резервирана за највлијателниот трап/хип-хоп звук од земјава и регионот, кој ќе се чуе преку настапите на „З++“ од Хрватска, „Црни Церак“ од Србија и македонските предводници на жанрот „Бон Праскиза“, „Јанг Дади“, „Ајри Скреч“ и „Шорти Пи“.

Третата бина „SILENT DISCO“ ќе понуди музичка селекција од страна на три докажани диџејски имиња кои владеат со подиумите низ македонските клубови, а кои оваа вечер во исто време ќе застанат зад диџејскиот пулт, додека посетителите преку слушалки ќе можат да ги менуваат трите фреквенции избирајќи го својот омилен ритам за танц.

Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19 часот.

Фестивалот ќе се одржи во согласност со актуелните безбедносни протоколи за организирање на настани, според кои е ограничен капацитетот на настанот, но и влезот на фестивалот ќе биде ограничен само на посетителите кои имаат документ/сертификат дека примиле две дози вакцина против ковид-19 или дека го прележале вирусот во последните 45 дена.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе