Спектакл на Танец и Влатко Стефановски во Белград

Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград.

„Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Северна Македонија. Јас ги пратам Танец уште како дете и верувам дека членовите на Танец ме пратат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволсто на публиката“, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград.

Како што оцени, покрај спортот од ова подобра презентација во странство за Македонија нема.

На концертот пред преполната сала можеа да се слушнат интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката.

„Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и Танец, самиот по себе и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и заедно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали“, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе