„Скопско лето“ - концерт на „Џим Политис квартет“ од Грција

На платото на ТЦ „Ист гејт“ вечер од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ концерт со свинг и џез ноти ќе одржи „Џим Политис квартет“ од Грција. Во составот на квартетот се гитаристите Џим Политис и Јоргос Пациотис, Костас Арсенис на контрабас и Серџио Хрисовицанос на виолина. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), организатор на летниот скопски фестивал, соопшти дека по многу години учествуваат уметници од Грција во програмата.

Концертот ќе се одржи под мото „Вложуваме во културата која нѐ спојува“ и е под покровителство на Генералниот секретаријат за грчка дијаспора и јавна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Грција и со поддршка од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Македонија.

Како што информира ДКУС, на настанот ќе се обрати шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Македонија, Константинос Прокакис, а видеообраќање ќе има и генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија Јоанис Хрисулакис.

„Северна Македонија и Грција имаат извонредна џез сцена, а фестивалот „Скопско лето“ претставува еден од најпрепознатливите културни настани кој ќе им овозможи на уметниците, на љубителите на музиката и на публиката од двете земји да се спојат на едно место, да се запознаат и да се забавуваат“, соопшти ДКУС. Влезот е бесплатен за посетителите. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе