Скопје ќе се збогува од Аки Рахимовски

На 26 јануари, среда, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион - Аки Рахимовски.

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на нашиот Аки.

Главното собирање се планира од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпеат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

...Тужна ја наша улица од када ниси ту

Јер тужну песму пјевају они што остају...“.

Фото: Саша Хузјак

Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС саунд и Град Скопје. На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе