Професионалниот мешан хор „Про Арс" вечерва на „Охридско лето“

Оваа музичка вечер на фестивалот „Охридско лето" е издвоена за настапот на вокалистите од Професионалниот мешан хор „Про Арс", под диригентска управа на Сашо Татарчевски.

 

„Про Арс" е формиран 2011 година од Татарчевски, по повеќегодишно долгогодишното делување во сферата на хорската уметност и анализите кои укажале на недостаток од еден таков ансамбл што професионално и пред се квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија.

Предностите на хорот станааа видливи уште од првата година од активноста, презентирајќи висок квалитет на изведбите, мобилност и можност за изведба широк репертоар од различна жанровска определба. Посебен акцент и посветеност се дава на веќе постоечкото македонско хорско творештво, но и на поттикнувањето млади автори на пишување нова хорска музика.

Во своето деветгодишно делување хорот веќе има остварено самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Денови на македонската музика" со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерт на „Охридско лето", соработки со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Филхармонијата, настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков…

„Про Арс" во последните шест години реализирал огромен број студиски снимки за едукативни програми, солистички албуми, како и филмска музика за високобуџетни интернационални филмски остварувања во студиото ФАМЕС. Од 2017 година хорот јазапочна и својата меѓународна афирмација со настапите на престижни сцени во Солун, Софија и Виена. Членовите на професионалниот хор „Про Арс" се млади, мотивирани, вокално образувани хорски уметници, комплетно подготвени за ефектна професионална работа.

Сашо Татарчевски е дипломец и магистрант на Факултетот за музички уметности во Скопје на катедрите за хорско пеење и оркестарско-оперско диригирање. Посетува мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Берлин, Москва, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Настапувал со бројни ансамбли од целиот свет на познати сцени во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Словачка, Русија, Франција, Турција, Полска, Романија, Австрија…Има освоено многу награди на меѓународни хорски фестивали како и специјални награди за диригирање во Бугарија, Полска и Чешка. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и е диригент на камерниот оркестар „Солисти од ФМУ" и мешаниот хор „Драги Шуплевски". Татарчевки е и основач и уметнички раководител на професионалниот хор „Про Арс" и диригент на женскиот хор при Младинскиот културен центар.

На програмата на вечерашниот настап се дела на Архиепископот Ионафан, Рахмањинов, Чајковски, Чесноков, Шнитке, Македонски, Зографски, Леонтович, Говедарица, Фалик, Динев, Манулјак. Концертот на „Про Арс" ќе се одржи на сцената во Предворјето на „Света Софија" од 21 часот. 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе