Полското трио „Супниевски“ вечер на „Охридско лето“

Полското трио „Супниевски" вечер ќе настапи на 62. издание на фестивалот „Охридско лето".

Триото, е основано во 2016 година од три сестри Супниевски, виолинистките Магдалена и Ана и виолончелистката Каролине.

Како што стои во информацијата на Охридско лето, Каролин, Магдалена и Ана свират заедно од многу рана возраст. Студирале со реномирани музичари како Франоа Салк на Францускиот конзерваториум, квартетите „Модиљани" и „Диотима", со Кристоф Чорзелски и Гунтер Пихлер, како дел од мајсторските курсеви Про-квартет. Избрани се да учествуваат во академијата „Равел" во Сан Жан де Луз каде освојуваат повеќе награди.

По нивниот концерт во Капелата на Езуитите во Каркасон, нивните настапи ги носат на повеќето значајни француски фестивали меѓу кои „Дебиси", Музика во Версај и многу други.

„Целта на триото е да го популаризира репертоарот наменет за ваков состав како што се Дивертиментото од Моцарт и Бетовеновите триа, истовремено посветувајќи им должно внимание и на помалку познатите композитори кои твореле за ваков состав како Донањи и Франса. Младиот композитор Рафаел Север им го посветува делото „Партита", кое го снимиле на ЦД благодарение на соработката со издавачката куќа „Мираре",“ стои во информацијата.

Во нивниот стремеж да истражуваат нов репертоар тие ја делат сцената со пијанистите: Александар Канторов, Клемен Лефевр, Адам Лалум, Жан-Филип Фонсалас, како и со виолинистите Александар Паскал и Уго Борсарело.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе