Вангелис починал доцна во вторникот, а причината за смртта не е наведена.
Вангелис, чие полно име беше Евангелос Одисеас Папатанасиу, е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња.
Тој доби Оскар за возбудливата песна за филмот „Огнени кочии“ од 1981 година, која беше една од најпознатите филмски композиции од 1980-тите.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Твитер напиша: „Вангелис Папатанасиу повеќе не е со нас. Светот на музиката го загуби меѓународниот (уметник) Вангелис“.