Вест која го потресе регионот

Почина Аки Рахимовски

Почина Аки Рахимовски, пејач на групата Парни ваљак од Загреб. За смртта на легендарниот скопјанец Аки Рахимовски е објавено на  официјалните страници на Парни ваљак. „За малку нежност на сѐ ќе се согласам, за малку нежност за да можам да заспијам“, се стихови од негова песна со кои официјалната страница на Парни ваљак се простува од Аки Рахимовски.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, го презеде микрофонот во Парни ваљак.

Уште на седумгодишна возраст започнал да учи музика - клавир, неговиот татко бил наставник по музика, а како тинејџер ќе биде дел од неколку рок и поп состави во Скопје, како во Крвни браќа и Тор.

Во 1975 година се запознава со гитаристите и композитори Хусени Хасанефедиќ - Хус и Јурица Паѓен, заедно ја формираа групата Парни валјак, која набрзо ќе стане конкуренција на тогаш неприкосновената Бијело дугме.

Со Парни ваљак со децении ќе ги освојува срцата на публиката, со оваа група ќе сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж или, во вкупен тираж од неколку милиони примероци, и ќе има стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата. Вкупно 16 студиски албуми, 5 албуми во живо, 14 сингл-плочи , 4 компилации и две двд-изданија се бележат со гласот на Рахимовски.

Во извесен период Аки Рахимовски имаше и соло кариера и свои дискографски изданија.

За неговиот приватен живот малку се знаеше, имаше зад себе два брака,  и две деца - син и ќерка. Пред две години пов трет пат стана татко, со Словенката Барбара Весел добија ќерка, 

Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената.

На Аки Рахимовски утрово му се слошило, а починал во болница во Ново Место, Словенија.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе