ОХО - утре почнува „Игнатие ескејп“ фестивал на музика и храна во природа

Првото издание на музичкиот фестивал во природа „Игнатиа ескејп“ (Egnatia escape), во организација на „ОХО продукција“ почнува утре (12 август) со настап на џез квинтетот „Летечки пекинезери“ во дворот на црквата Свети Димитрија во село Магарево.

Фестивалот на музика и храна ќе се одржува три дена на различни локации во пелистерските села Дихово, Трново и Цапари.

Утре, покрај „Летечки пекинезери“ ќе настапат и Дина Јашари и другари и „Berryqyat“, а во сабота во селото Трново ќе настапат Исмаил Лумановски и „Љубојна“ со Панајотис Андреу од Грција и „B. Boy“.

Исто така во сабота (13 август) ќе се организира работилница за берење и приготвување печурки – „Магичниот свет на печурките“ со Фунги Игнатиа.

Фестивалот ќе заврши со работилница за печење и приготвување леб што ќе се одржи во селото Цапари, а потоа ќе следи настап на бендот „Пијан славеј“ и настап на „Bad Juju“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе