Награда за македонско-јапонското пијано дуо за изведба на „Дали паметиш Милице“

Ема Попивода-Асами Сате, македонско-јапонското пијано дуо е избрано и наградено за најуспешен проект од градската управа на Токио меѓу 20.000 пријавени проекти. Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ од циклусот Ноктурна оп. 52 б на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн, за време на карантинот.

Видеото е инспирирано од архитектот Кензо Танге, кој ги поврзува Скопје и Токио и содржи снимки од двата града, како и макети и планови за изградба на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963. Танге работел на планот за изградба на Скопје по земјотресот, ги проектирал и зградата на владата на Токио и националниот стадион „Јојоги“ во Токио, објекти кои и денес се едни од најзначајните во јапонската архитектура.

Видеото го монтираше Милан Тоциновски, додека продуцент е Давор Попивода.

Пијанистките Сате и Попивода соработуваат од 2016 година. И двете имаат интернационални кариери како солистки. Попивода е доктор на музички науки, професор по пијано на Музичката академија во Штип и активна пијанистка со бројни настапи низ Европа, САД и Азија.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе