Бит - фест

На Бит - фест изведена Поп симфонија, денес и утре „Џез фабрика“

Како дел од битолското културно лето Бит - фест, во рамките на „Балкан гала фестивалот“, на Ракометното игралиште во Битола, синоќа пред  публиката беше изведена „Поп симфонија“ на која гостуваа Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски. Изведувачите беа придружувани од Камерниот оркестар на Битола со диригентот Владимир Димовски, информира Фестивалот.

Денес и утре продолжува програмата на „Џез фабрика фестивалот", кој трае до 9 јули.

Во недела, во 19.30 во Офицерскиот дом настапува Џенгиз Ибрахим со концертот насловен „Туркуаз", а во 21.00 часот на Платото пред Офицерскиот дом ќе се одржи Електронски музички летен фестивал, во организација на регионалниот младински форум.

 

Ламбе Алабакоски, еден од изведувачите на Поп симофонија

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе