Μонашкиот хор на Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Монашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, а централниот концерт ќе се одржи денеска во митрополитскиот храм посветен на Благовештение на Богородица , јави дописничката на МИА од Атина.

На настанот ќе присуствуваат викарниот епископ на Атинскиот Архиепископ и на цела Грција, градоначалникот на Атина, претставници на Министерството за образование и други епископи и свештенослужители.

Првиот меѓународен фестивал на православната црковна музика ќе се одржи во Атина од 3 до 5 декември година, под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија.

Настаните во кои учество ќе земе Бигорскиот монашки хор продолжуваат и следните два дена на различни локации низ Атина. 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе