КОНЦЕРТ

Млад македонски виртуоз на пијано ќе има концерт во Музејот на град Скопје

Во рамките на „Есенски музички свечености“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, на 7 ноември, со почеток во 20 часот, на програмата е концерт на пијанистот Бобан Мирковски, кој во Музејот на град Скопје ќе изведе дела од Бах, Лист, Зилоти, Хачатурјан и премиерната изведба на „Пајдушко“ од Дамир Имери.

Пијанистот Бобан Мирковски е роден во 1991 година во Скопје. Основното и средното образование го завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Даница Стојанова. Дипломира во 2013 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Трпчески. Во 2015 год. ги завршува пост-дипломските студии на ФМУ Скопје во класата на проф. Александар Сердар (Р. Србија).

Мирковски има остварено голем број концерти во Македонија и странство и има освоено голем број награди на домашни и меѓународни натпревари. Како поважни настапи се издвојуваат сите поголеми концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и на ФМУ Скопје; концерт во Босковице, Чешка (2007 год.); концерт во Сан Даниеле, Италија (2007 год.); настапува како дел од неколку концерти на Симон Трпчески; концертот во Вашингтон, САД (2011 год.) по повод 20-годишнината од независноста на Р. Македонија; остварува повеќе солистички концерти низ Р. Македонија; два настапи како солист со Македонска филхармонија (2011 и 2012 год.) итн.

Дел од наградите кои ги има освоено се: 2 први места и една Лауреат на „Арс Косова“, Приштина (2006, 2007 и 2008 год.); Прва награда на меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Р. Србија; 3-та награда, како и награда за највиртуозен учесник на меѓународниот натпревар „Музиката и земјата“ во Софија, Р. Бугарија, Лауреат на меѓународен натпревар „Македониум М“ во Скопје (2007 год.) итн. Исто така, пијанистот Мирковски е добитник на престижната награда на фондацијата „Климентина Рафајловска“ за најдобар музичар матурант.

Во своето образование има посетувано и неколку меѓународни семинари кај еминентни професори од републиката и од странство како што се: проф. Ж. Захариева (Бугарија), Ј. Михајловиќ (Србија), Ф. Турисини (Италија), А. Леимони (Грција), Т. Каишиге (Јапонија), Б. Романов (Македонија) итн.

Моментално работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Скопје, каде остварува успеси со своите ученици.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе