четврток, 28 март 2024

Нема на македонскиот пазар небезбедни наполитанки и кит-кат од Нестле, велат од АХВ

На пазарот во Македонија нема од производот „вафли Нестле кит кат мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Никола Бабовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени“, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

„Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање“, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле кит кат мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

„Се повлекува исклучиво Несле кит кат мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ