„Лајвјуроп“ фестивал во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје првпат ќе се одржи „Лајвјуроп“ (Liveurope), откако МКЦ стана полноправна членка на реномираната мрежа на концертни сали во Европа.

„Liveurope е мрежа на легендарни концертни сали меѓу кои и Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), Ancienne Belgique (Брисел) и други дваесетина препознатливи и популарни сали, кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија“, информираат од МКЦ.

Оттаму велат дека од регионалните концертни сали, кои ја имаат таа привилегија да се дел од оваа позната асоцијација беше единствено културниот центар „Кино Шишка“ од Љубљана, а сега веќе заедно со МКЦ и „Мочвара“ од Загреб.

„Liveurope фестивалот се одржува во рамки на ПИН музичката конференција и 'шоукејс',  која своето деветто издание традиционално ќе го одржи од 24 до 26- ноември во Младински културен центар – Скопје“, се додава во соопштението на МКЦ

Во рамките на ПИН се најавени 250 гости, односно најрелевантните имиња во музичката индустрија (букери, промотери, новинари, агенти) и на најактуелните музички таленти од Европа, регионот и од кај нас.

Во текот на овие три фестивалски дена, сите посетители ќе имаат шанса да ја проследат дневната панел програма во Кино Фросина, каде ќе се дискутира на топ теми во индустријата, трендови поврзани со музичката сцена, продукцијата, културата и сите влијанија на истата. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе