Концертна серија „Музика на отворено" на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Факултетот за музичка уметност – Скопје организира тридневна концертна серија „Musica Viva на отворено" како дел од научно-истражувачкиот проект NIP.UKIM.21-22.15 поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.

Концертите ќе се одржат на платото пред НУ „Национална опера и балет" почнувајќи од денеска со „ПРЕЛУДИУМ" (пијано, хармоника), 28 мај -„SONARE" (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика) и 29 мај – „ПРОЛЕТНИ ПЕСНИ" (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика)

Почеток на сите концерти е во 19 часот, а влезот е бесплатен со претходна резервација. 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе