Концерт во Филхармонија, 20 години творештво на Мерсиха Шукри

Нашата најпозната харфистка Мерсиха Шукри вечер со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години од нејзиното творење.

На програмата ќе бидат изведени композиции од Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините драги колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело.

М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје, каде дипломирала на ФМУ во Скопје во класата на проф. Лејла Урманова-Русија како прв дипломиран харфист во нашата земја. Магистерски студии завршува во Белград во класите на проф. Милица Бариќ и проф. Љиљана Несторовска како прв магистер во земјава. Добитник е на повеќе републички и меѓународни награди како солист и како камерен музичар.

Како харфист има остварено бројни солистички концерти на Скопско лето, Хераклејски вечери, Денови на франкофонија, Битолско лето, Есенски музички свечености. Настапувала како солист со Мандолнскиот оркестар “Скопје” и гудачкиот камерен ансамбл “Арко”. Концертирала и надвор од Македонија, во Србија, Словенија, Косово, Франција, Унгарија, Холандија, Израел, Хрватска.

Во 2013 година, го издава своето прво ЦД со музика за соло харфа „Звуците на харфата“. Тоа е и прво ЦД со музика за соло харфа во Македонија воопшто. Во 2014 година ја имаше честа да одржи концерт на Вториот интернационален фестивал на харфа во Загреб. Како солист, заедно со Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ја претстави македонската култура токму на 24 Мај, во чест на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”, со дела на македоснки автори обработени за харфа и мандолински оркестар.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе