Концерт „Теремин-вокс фантазија" во Филхармонија

Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Теремин-вокс фантазија". Како солистка на теремин ќе настапи Ива Дамјановски, а настапуваат и Маријана Николовска – пијано и Татјана Петрушевска – обоа, Мартин Димитров и Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола и Паскал Краповски – виолончело.

На програмата се дела од Б. Мартину, К. Ајк и М. Јовановска.

Ива Дамјановски е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Моментално е студент на катедрата за Музикологија, на Универзитетот „Università di Trento", како и на катедрата по Музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје во класата на прoф. Марија Ѓошевска.

Добитник е на наградата на УКИМ за најдобро дипломиран студент на Факултетот за музичка уметност во учебната 2018/2019 година.

Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows", на кој првпат настапува, покрај пијано програмата и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски" за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 г. за стихозбирката „Тие" (2017, Блесок), кој го добива своето второ и дополнето издание во 2019 г. (ПНВ Публикации).

Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење", за која и е доделена наградата „Браќа Миладиновци" на „Струшките вечери на поезијата”. 

Добитник е на третата награда на конкурсот „Антево Слово" за најдобра необјавена песна (2021), како и специјалната награда на меѓународниот натпревар “Castello di Duino” во Трст, за најдобра необјавена песна со значајна социјална или хуманистичка порака (2021). Учествувала на голем број поетски читања во и надвор од државата, меѓу кои и „Астални проекции" и нејзината поезија е застапена во монографијата посветена на поетската манифестација (2019, „Бегемот”), како и голем број други поетски читања во Скопје. Нејзината наградена книга „Двоумење" доби две претставувања во Осиек и Нашице во рамки на манифестациите „Денови на македонската култура" и одбележувањето на 160 години од зборникот на Миладиновци.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе