Концерт на Благој Нацоски во Рим во чест на „Денот на свети Кирил"

Во салата „Балдини" во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил". На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д'Агостини.

На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано" утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја" во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати" при МНР на Италија (АЦДМАЕ)

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе