Таксират

Избрани се финалистите на Лузер фест

Финалистите на Лузер фест, по отворениот конкурсза пријава на демо изведувачи на млади таленти, се избрани.  На 3 декември со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар во  Скопје ќе се натпреваруваат осум бенда.

Избрани се: „Беседа“ од Куманово, метал група која создава моќен звук што ги пробива човечките емоционални граници, „Халфгад“ (HALFGOD) од Кичево, кои не можат да го одредат својот звук и го опишуваат едноставно како „халфгад“, „Ендемски вид“ од Кавадарци, прераснати од кавер-група до авторски бенд, панк-рокерите од Велес „Оловна рестрикција“, „Џеф Бахами“ (Jeff Bahami) од Битола музика на „професор“ по роботика и неговите хуманоиди, како и три групи од главниот град хеви-метал бендот „Растејнд“ (Ruststained), „Мензел“ (MENZEL) алтернативна рок група на студенти кои се наоѓаат според заедничкиот интерес кон уметноста и „Харакири“ проект на музичари од разни бендови кои прават обид да го освежат концептот на рок трио.

Публиката и жирито, кое ќе биде непосредно објавено пред концертот, се оние кои ќе ни го откријат победникот, и тоа со тајно гласање на вечерта на настанот. Имено, билетот по цена од 100 денари воедно ќе важи за гласачко ливче, на кое со заокружување на својот омилен изведувач ќе се избере најдобриот.

Речиси 20 години традиционалниот предвесник на главната вечер на „Таксират фестивал“, го става фокусот на младите нови музичари, поттикнувајќи ги да ги покажат своите таленти и можност да продолжат да ја градат својата музичка кариера професионално. Со таа причина, како и досега, за најдобриот следува награда – снимање и издавање на студиски албум во професионално студио, под етикетата на „Пасворд продакшн“.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе