Хуманитарен концерт за деца „Карневал на животните“

Концертот за деца „Карневал на животните" ќе се одржи денеска во Дом на АРМ. Концертот е хуманитарен и сите средства од продажбата ќе бидат донирани во СОС Детско Село.

Македонската детска публика ќе има единствена можност во живо да ја слушне фантастичната композиција „Карневалот на животните" во изведба на виолинстката Пламенка Трајковска, а во пијано придружба на Ајхан Куртов.

Наратор на концертот ќе биде нашата поетеса Анита Бошкова. Специјални гости се ученици од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски" од општина Аеродром, од четвро четири одделение, кои изработија маски од „Карневалот на животните" под раководство на наставничката Јулија Петроска.

„Карневалот на животните" е најпознатата композиција за деца од францускиот композитор Камиј Сен Санс. Композицијата е хумористична музичка свита со четиринаесет ставови, која тој ја напишал во 1886 година. Оригинално е напишана за две пијана и мал камерен состав. Сен Санс забранил јавни изведби на „Карневалот на животни" бидејќи сметал дека композицијата ќе му го загрози угледот како сериозен композитор. Композицијата е објавена по смртта на композиторот во 1922 година и од тогаш се смета за една од најпознатите дела на класичниот репертоар за деца.

„Карневалот на животните" музички опишува различни животни – лав, кокошки, желки, слон, кенгур, риби, магариња, кукавица, птици, лебед. Кога децата слушаат, треба да ги најдат музичките елементи на одделните животни како на пример брзо – бавно животно, дебело или слабо животно, во каква атмосфера се наоѓа и многу други елементи. Преслушувањето на ова дело кај децата овозможува развој на концентрација, имагинативно размислување, препознавање на звучните елементи и многу забава со класична музика.

По голем број на концерти за деца кои Пламенка Трајковска ги реализираше со нејзините мали камерни состави и нејзиниот гудачки квартет, таа одлучи да направи адаптација на „Карневалот на животните" за виолина и пијано и да даде свој посебен осврт кон ова маркантно дело.

Во 2018 година виолинистка Пламенка Трајковска го сними албумот „Карневал на животните" и тоа е достапно на сите дигитални платформи. По четири години од создавањето на албумот, македонската детска публика првпат ќе може да ужива во концерт во живо со „Карневалот на животните" како ексклузивна концертна промоција.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе