Грчка вечер на „Охридско лето“

Вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи традиционалната Грчка вечер на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концерт ќе одржи грчкото трио Лес лиристес, а на репертоарот е и театарска претстава „Балкан Бордело“ од Јетон Незирај, во режија на Бљерта Незирај, што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Грчкото трио го сочинуваат Софија Каракута – вокал и тригином, Роза Фрагорапти – лира и Никос Ксантулис – лира варвитон.

Основниот елемент при формирањето на триото, според информацијата на Националната установа „Охридско лето“, е античката грчка лира со седум жици, која е симбол на музиката во западно-европската традиција.

„Прекрасниот звук на лирата, кој ги маѓепсувал античките филозофи е оживеан низ музицирањето на ова трио во комбинација со основниот човечки инструмент – гласот. На тој начин овој инструмент (лирата) го бара своето место на музичките сцени во денешното, модерно време“, стои во информацијата.

Од основањето во 2020 година, овој ансамбл настапува на бројни концертни сцени во Грција и надвор од неа, на фестивали, едукативни програми, работилници, конференции, универзитетски проекти и на програми на радио. Нивниот прв албум со поезија на поетесата Сафо и музика создадена од др. Никос Ксантулис треба да биде објавен наскоро.

Претставата „Балкан Бордело“ иако беше предвидено да се одигра во предворјето на црквата „Св. Софија“, поради најавите за врнежи од дожд е префрлена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Театарската претстава „Балкан Бордело“ од Јетон Незирај, а во режија на Блерта Незирај е трансатлантски театарски проект помеѓу САД, Косово и Србија, во соработка со Центар Мултимедија – Приштина, Театар Ателје 212 – Белград и Мој Балкан – Белград/Њујорк.

„Балкан Бордело“ е сага за едно балканско семејство и се темели на Есхиловата трилогија „Орестија“. Претставата покрај црниот хумор го обработува и балканскиот темперамент, ја следи морбидноста на човечката душа и ја осветлува глупоста и наивноста на еден период изграден на насилство, нетолеранција и омраза. Ликовите од претставата се препуштаат на судбината и речиси несвесно паѓаат во стапицата на незадоволството и уништувањето, соопшти „Охридско лето“.

Улогите ги играат Светозар Цветковиќ, Марија Вицковиќ, Џорџ Дренс, Јуџин Д Пуџин, Валоа Микенс, Мати Барбер-Бокелман, Иван Михаиловиќ, Мет Насер, Верона Коџа, Адриан Морина.Костомографијата е на Габриел Бери, сценографијата ја изработи Марија Калабиќ, а кореограф на претставата е Ѓерѓ Превази.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе