Џез вечер на Клод Болинг во Салон 19:19

Во Салон 19:19 вечерва од 19:19 часот ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Tут квартет (Тoot Quartet).

Како што информираат од Културно-информативниот центар – Скопје, Tут квартетот концентрира од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино.

Во составот на Tут квартет се Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски-тапани.

Клод Болинг е роден на 10 април 1930 година. Тој е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Има напишано музика за 75 филмови, 44 музика за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика. 

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе