Денеска и утре во Кинотека документарци за „Лајбах“, „Панкрти“ и „Булдожер“

Три музички документарци во словенечка продукција ќе бидат прикажани денеска и утре во Кинотека, во рамки на августовската кинотечна програма.

Под генерален наслов „Музиката е уметност на времето“ (Glasba je časovna umetnost), Игор Зупе реализира два документарни филма – за албумите на словенечките бендови „Лајбах“  и „Панкрти“, а Варја Мочник – за пресвртничкиот деби-албум „Плукни ѝ на вистината в очи“ (Pljuni istini u oči) на рок-групата „Булдожер“.

Документарците за првиот официјален домашен албум на контроверзниот арт-бенд „Лајбах“  и за бендот „Панкрти“ и нивниот деби-албум „Dolgcajt“ (на англиски преведуван како No Fun), ќе бидат прикажани вечер од 20 и од 21 часот, а за „Булдожер“ утревечер од 20 часот.

Гости на проекциите ќе бидат документаристот Игор Зупе и филмскиот режисер Андреј Кошак.

Реализирани во почетокот на 1980-тите години, албумите на овие бендови ги поставија темелите на музичкиот и социополитичкиот бунт во Словенија, како што во Загреб и Белград паралелно се тркалаа настаните во ритамот на „новиот бран“, соопшти Кинотека.

Трите документарни филмови Кинотеката ги прикажува во соработка со Амбасадата на Словенија во Скопје.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе