Битола утре со голем концерт на Фолтин ги почнува новогодишните празнувања

Со голем концерт на битолската група Фотлин од утре 23 декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември, платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом ќе биде претворено во празничен плоштад на кој 9 денови под отворено небо ќе се случува програма насловена како „Зимска приказна".

57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица ДЏ, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници... вкупно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера. Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна кој побуди голем интерес, мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани.

На оваа локација ќе имаат можност и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење.

„Изминаа 35 денови од преземањето на мандатот како градоначалник на Општина Битола и од старт, заради доаѓањето на празниците и заради ставот да гледаме реално на проблемите, а не да се луксузираме, со моите соработници си го поставивме ова прашање: дали Битола треба “да светка” во енергетска криза? Секоја разумен човек, во вакви мигови треба да размислува рационално. Оттука и одлуката, да се осветли едноставно и елегантно Широк Сокак со лед светилки и така да биде оваа година. А центар на збиднувањата да биде платото пред Офицерскиот дом кој ќе понуди и програма и начин за јакнење на локалните мали бизниси”, изјави градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Покрај Фолтин, на платото пред Офицерскиот дом ќе настапат и Паркети, Боеми, Ние запирка другарите, Фонтана и други, десетици битолски диџеи, Камерниот оркестар на Битола, Дувачкиот оркестар, актери, театарски претстави и редица други изведувачи.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе