Ансамблот „Студио Фолклор" од Скопје победник на Балкански фестивал во Корча

4-то издание на Балканскиот фестивал се одржа во Корча, Република Албанија, на кој учествуваа фолклорни ансамбли од шест балкански земји, меѓу нив и Македонија.

„Во изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Тоа беше едно вистинско празнување и презентација на традицијата,“ пренесува Весник Македониум.

Според истиот извор шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство, на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.

„Фолклористи од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово и Црна Гора со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални ора и песни и инструментални и под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центар на балканскиот дух,“ наведува весникот.

Директорката на културниот центар во Корча, Блерта Балиу рече дека „Балканскиот дух е создаден четири години и има за цел да ја обедини уметноста на целиот Балкан затоа што сме толку слични едни на други".

На последната вечер на овој фестивал што се одржа во театарот „Андон Зако Чајупи", по одличниот настап на ансамблите на 6 -те земји учесници, ансамблот „Студио Фолклор" од Скопје, Македонија беше прогласен за победник на ова 4 -то издание.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе