Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022"

„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој" ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022", што од денеска ќе се одржува во Охрид.

На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес" од Турција, московското списание „Руски политички науки" и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји.

Отворањето на конференцијата е предвидено за денеска во амфитеатарот на Институтот за Филм-Филмската академија во Охрид, а свои поздравни обраќања пред учесниците ќе имаат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за „Едно општество и интеркултурализам" при Владата на Република Северна Македонија.

Поради наметнатата ситуација предизвикана од коронавирусот годинашната конференција ќе се одржува хибридно, со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум.

На научниот собир најавена е презентација на повеќе од 40 научни труда. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе