МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ И ФЕНИКС

Марина Мијаковска добитник на наградата “Македонска книжевна авангарда”

Наградата “Македонска книжевна авангарда” е востановена минатата година, а овогодишен добитник е Марина Мијаковска од Скопје за поетската книга “Психоаналитичка алхемија од страсти” во издание на „Караманови средби“ од Радовиш.

Жирито во состав: Славчо Ковилоски (претседател), Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески (членови), ја издвои и награди оваа поетска книга поради нејзината специфичност, иновативност и оригиналност. За истата книга Марина Мијаковска неодамна ја доби и наградата “Ацо Караманов”.

Наградата ја доделуваат издавачката куќа “Феникс” и Фондацијата “Македонија презент” од Скопје, а ќе биде врачена на претстојниот “Фестивал на чајот и читањето”, кој ќе се одржува од 4 февруари до 8 март во Културниот центар “Феникс”.

Минатогодишен добитник на наградата е поетесата Елена Пренџова.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе