30-ти фестивалски ден

Македонските уметници Ѓорги Цинциевски на контрабас и Марија Вршкова на пијано на „Охридско лето“

Триесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето" резервиран за концертот на македонските уметници Ѓорги Цинциевски на контрабас и Марија Вршкова на пијано. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Роден во Скопје, Ѓорги Цинциевски ги завршува студиите на Кралскиот колеџ за музика во Манчестер. Таму дипломира и магистрира во класата на проф. Јиржи Худец и е назначен за негов асистент. Цинциевски е прв помлад асистент во класата за контрабас на овој факултет. Соработува со некои од водечките музичари на денешницата како: Валери Гергиев, Бернард Хаитинк, Курт Мазур, Фабио Луизи, Сер Марк Елдер, Даглас Бојд и многу други, а свирел и во престижните оркестри: Филхармонијата на Би Би Си, оркестарот „Хале“, Филхармонијата во Малме, Радио-симфонискиот оркестар во Виена, Лондонските „Моцарт плејерс“, финската Лиепаја Филхармонија и многу други. Ангажманите како соло контрабасист и оркестарски музичар го носат на бројни престижни фестивали во Европа и Азија. Покрај неговата активност како солист и водач на секцијата контрабаси на филхармонијата во Малта, Ѓорги е активен и како педагог одржувајќи бројни мајсторски курсеви, работилници и соло концерти во Велика Британија, Кина, Германија, Франција, Тајланд, Латвија, Куба, Италија, Полска и Малта. Неговите интерпретации се високо оценети од музичката критика поради техничката виртуозност, но и поради исклучителната музичка експресија и страст со која тој му приоѓа на инструментот, а која резултира и со бројни аранжмани и транскрипции на дела за контрабас и камерни ансамбли.

Ѓорги Цинциевски е основач и уметнички директор на фестивалот Меѓународни денови на контрабас кој се одржува во Валета, а од 2014 година е уметник-солист спонзориран од компанијата „Пирастро“ која изработува жици за гудачки инструменти.

Марија Вршкова е родена во Битола, таму го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude во класата на проф.Т.Светиев  и на истиот факултет ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а најзначајна  е третата награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на земјава во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници: Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков,  во 2010, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во: Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција... Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните македонски фестивали: Охридско лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености. Како врв на нејзината уметничка дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири на интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ во 2009 година, како и трите награди „Виртуози“ една за најдобар музички изведувач во 2013 година и две награди во категоријата најдобар камерен состав во 2015 и 2016 година. Марија Вршкова сега е доцент на ФМУ – Скопје.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе