Ликовна уметност

Дискурзивно - едукативната програма „Совршениот уметник“, која започнува на 13 мај 2017 год. (сабота), со почеток во 13.30 часот, во „Кино Култура“, со дискусијата насловена „Отворени образовни курикулуми – критички единки и колективи“, за прв пат се случува оваа година и е дел од биеналната награда ДЕНЕС, која од 2003 година се доделува на млад визуелен уметник до 35 години.

12 Мај 2017 - 11:12

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на 11 мај, во просториите на „Сале д’Арми“, во престижниот изложбен простор „Арсенале“ во Венеција, ќе се обрати на свеченото отворање на Павилјонот на Република Македонија во рамките на 57-то издание на Биеналето во Венеција, една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 13 мај до 26 ноември.

11 Мај 2017 - 13:15

Во рамките на програмата на „Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, на 11 мај, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера со наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“.

11 Мај 2017 - 11:56

Во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје на 10 мај, во 20 часот, ќе се одржи отворена средба со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли од уметничкиот колектив „dienstag abend No. 86“ од Виена, Австрија, придружена со презентациите на социјалната дизајнерка од Скопје, Клелија Живковиќ, насловена „Мали победи“, и мултимедијалниот уметник Доротеј Нешовски со „Фикции и простории во кои живеам“.

09 Мај 2017 - 13:02

Во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 10 мај (среда), во 18.30 часот, ќе биде отворена групна изложба на уметници од Р. Чешка и Р. Македонија со наслов „Изминување на времето“.

09 Мај 2017 - 10:53

Во рамки на изложбата вклучени се 50 дела на млади дизајнери, учесници на 9. Скопје постер конкурс на тема „Криза на идентитет“. Постерите се дела на студенти по дизајн и визуелни комуникации од 24 земји, вклучително двата првонаградени плакати, 2 специјални награди, 6 почесни, како и останатите 40 плакати на финалисти. Дел од поставката е и плакат на македонска студентка од Универзитетот Американ Колеџ.

08 Мај 2017 - 22:10

По десетдневното прикажување на мултимедијалниот проект „Континуум“ во центарот „Дефибрилатор“ во Чикаго, САД, македонскиот уметник Игор Јосифов на 13 мај продолжува за Сан Франциско. Домаќини на проектот во Сан Франциско ќе бидат „InSpace Curatorial“, платформа која се залага за промоција на современа и визуелна уметност.

06 Мај 2017 - 10:15

По повод „Месецот на Никола Мартиноски“ во Националната галерија на Македонија ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност.

04 Мај 2017 - 12:12

Најновиот проект „Анатомија на векот“, три индивидуални видеа на авторот Гоце Наневски, кои имаат концепциско-документаторски карактер, ќе биде прикажан на 04 мај (четврток), во Мала станица при Националната галерија на Македонија, со почеток во 20 часот.

02 Мај 2017 - 10:28

Во Музејот на современата уметност на 26 април, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на плакати од Михајло Арсовски, еден од најавтентичните пионери на графичкиот дизајн од 60-тите години, признат по своите смели визуелни решенија.

26 Април 2017 - 15:38

Во кафе-барот „Агора“ во Куманово, на 26 април (среда), со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на книгата цртежи „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. За книгата ќе зборуваат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.

25 Април 2017 - 14:38

Изложбата на Филип Велковски се состои од дваесет и три слики изработени во техниката масло на платно. Сликите се изработени во период од три години.

21 Април 2017 - 15:28

На ѕидовите во двата изложбени салони „Империјал“ при Културно - информативен центар - Скопје, од 20 април, во 20 часот, ќе бидат распослани 46 слики од 25-тата самостојна изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски. Со наслов „Огнена земја“ со оваа изложба Шулајковски го одбележува и својот јубилеј - 25 години ликовно творештво.

20 Април 2017 - 15:24

Библиотеката располага со фонд од 5.200 наслови, над 2.000 магазини, како и монографии на меѓународни и домашни автори и со тоа претставува најголема датабаза за модерната и современа уметност во Република Македонија.

19 Април 2017 - 20:19

Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, на 20 април, во 19 часот, во галеријата „Ко-Ра“ ќе ја отвори изложбата „Цртеж - Експериментален цртеж 2017“. На изложбата ќе се претстават повеќе од 30-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

19 Април 2017 - 19:41

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе