Во Корча успешно завршија Деновите на македонската култура

Во рамките на Неделата на македонската култура, aмбасадата на Македонија во соработка со Културно информативниот центар во Тирана и со поддршка на Министерството за култура, од 27 до 29 октомври во Корча ги одржа Деновите на македонската култура.

„Манифестацијата по својата содржина имаше едукативен, културен и економски карактер. На настаните учествуваа голем број граѓани, професори на Педагошкиот факултет од Битола предводени од деканот Данче Сивакова – Нешковски, делегација од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот Љупчо Јаневски, потпретседателот на Сојузот на стопански комори Сашо Дикоски, директорката на Завод и музеј од Битола Мери Стојанова, градоначалникот на општина Ресен Јован Тозија, Блуз бендот од Скопје и женскиот хор „Менада“ од Тетово“, се вели во соопштението од амбасадата.
Во активностите учествуваа и претставниците на Македонците во Албанија и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски, кои дадоа значаен придонес во реализацијата на манифестацијата. Дел од организацијата беше и Марјана Костовски, претставничка на Комисијата за малцинства на Албанија.
Граѓаните на Корча имаа можност да посетуваат бесплатни курсеви по македонски јазик, да присуствуваат на изложбата на уметникот Зоран Кардула, изложбата „Соништата на невестата – чаши и ковчези“, музичка и хорска изведба, како и проекција на документарниот филм „Медена земја“.
 
На средбата на претставниците на туристичките агенции од двете земја се разговараше за можностите за меѓусебно поврзување и заеднички настап на трети пазари. Се разговараше и за предлози за регионално поврзување на Корча и Охрид, како и на Преспанскиот регион. Во разговорот беше предложена и идејата за воведување на автобуската линија Корча-Ресен.
 
Со концертот на хорот „Менада“ од Тетово завршија Деновите на македонската култура во Корча. Концертот на женскиот хор „Менада“ беше примен со голем интерес од јавноста, која внимателно ја следеше програмската концепција на различните композиции на македонски, албански и англиски јазик од различни периоди и стилови.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе