Во КИЦ од денеска Денови на македонска фотографија

Во Културно информативниот центар – КИЦ во Скопје денеска ќе биде отворено 60-то издание на Денови на македонска фотографија, во организација на Фото сојузот на Македонија.

Посетителите на настанот ќе можат да ги погледнат сите 101 примени и 28 наградени фотографии, одбрани од стручното фотографско жири Боро Рудиќ, Цветан Гавровски и Владимир Арсовски.

Доделувањето на наградите ќе биде во склоп на отворањето на изложбата.

Исто така, како што соопштија организаторите, оваа година за првпат ќе се прикаже проекција на фотографии од македонски автори во период од 1940-1980 година.

Меѓу застапените автори се великаните на македонска фотографија: Благоја Дрнков, Живко Јаневски, Александар Цветиновски, Лазо Величковски, Владимир Плавевски, Роберт Јаки и други.

Изложбата оваа година е дел од манифестацијата „Бела Ноќ“ и е поддржана од Министерство за култура како проект од национален интерес. 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе