ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Тројца инвентивни автори изложуваат во галеријата „Флукс“

Ликовните автори Ангел Миов, Борче Богоевски и Гоце Јанкуловски на 22 декември во галеријата „Флукс“, во 20 часот, ќе се претстават со заедничка изложба на која ќе ги претстават своите најнови дела.

Во образложението за својот дел од изложбата Ангел Миов потенцира „Кога нема факти - остануваат само зборови“, а потоа набројува:

01. 09.05.2015
02. Венеција
03. Венециско биенале
04. Вино
05. Ќесе
06. Шапка
07. Пица завиткана во алуминиумска фолија
08. Ај-пад
09. Елена
10. Чаша со вино
11. Ташна
12. Цигара
13. Ивана
14. Чизми
15. Рака со чаша вино
16. Тутун
17. Пластично шише
18. Наташа
19. Торба
20. Британија надвор од Европа
21 .Слобода

Борче Богоевски, пак, дава поетско објаснување:

„Езотера Естетик
Еден човек и две очи.
Едното е земско, а другото, духовно.
Тие обете треба да станат едно.
Едно кое гледа и истовремено знае... спознава и расудува.
Но! Пред да види, тоа треба да постане неспособно да солзи.“

Гоце Јанкуловски е вербално прецизен: „Нештата, сами по себе, не се фасцинантни ‒ фасцинирачко е нивното набљудување. Набљудувачот е оној кој (преку сопственото поимање и опит) ги ’осознава‘ или ’мистифицира‘. Обидот за нивно декодирање води кон кристализација на архетипот. Назнаките дадени на почетокот и нивното разбирање ја доградуваат - сликата која самата се гради - (креаторот само се насетува). Акумулацијата на еднододруго поставените објекти е проекција на разложувањето на едното во мноштво (фрактализација). Неименуваното движење предвидува идно доаѓање.“

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе

Многу македонски „интелектуалци“, новинари и политичари се повеќе загрижени од можноста да се направи т.н. македонска платформа, отколку од последиците за земјата од прифаќањето на т.н. албанска платформа.

повеќе