ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Традиционалната „МиниАРТура“ на ДЛУМ е поставена во галеријата на НЛБ Тутунска банка

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), во соработка со НЛБ Тутунска банка од Скопје, на 6 декември ја отвори изложбата „МиниАРТура“ во изданието за 2016 година. На изложбата се претставени автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, а ќе може да се посети до 15 декември.

За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по осми пат беше доделена наградата „Златна четка“, која оваа година ја доби Лидија Вујисиќ, додека од страна на НЛБ Тутунска банка по четврти пат се додели една откупна награда насловена „НЛБ-МиниАРТ“, која годинава ја доби Емилија Божиновска за делото „Семејство“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10см, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.

„Семејство“ на Емилија Божиновска

Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат. Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и претставува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе