МАТИНЕ ВО МСУ

Сликата „Глава на жена“ од Пабло Пикасо повторно ќе биде изложена во МСУ

Музејот на современата уметност во Скопје на 24 декември (сабота) 2016 година, со почеток во 12 часот, организира пладневно матине на кое главен настан ќе биде отворањето на галеријата на катот со новата поставка „Кон новите пунктови“.

По долго време во Музејот на современата уметност повторно ќе биде изложено и едно од најмаркантните дела од колекцијата на МСУ - „Глава на жена“ од Пабло Пикасо. Покрај неа ќе бидат изложени и многу ремек-дела од колекцијата на музејот.

Во постојаната поставка со наслов „Кон новите пунктови“ се застапени дела од Емил Фила, Франтишек Музика, Мариј Прегељ, Петар Лубарда, Енрико Бај, Габриел Ступица, Иво Гатин, Пјер Сулаж, Фердинанд Кулмер, Отон Глиха, Алберто Бури, Ханс Хартунг, Зоран Мушич, Могенс Андерсен, Пјер Алешински, Алан д’Арканџело, Рихард Мортенсен, Виктор Вазарели, Маноло Милјарес, Хисао Домото, Жак Лис, Ордан Петлевски, Родољуб Анастасов, Христина Иваноска, Пабло Пикасо, Петар Хаџи-Бошков, Петре Николоски, Јован Шумковски, Ристо Калчевски, Анета Светиева, Борка Аврамова, Јордан Грабул, Томо Шијак, Петар Мазев, Томислав Каузлариќ, Јанис Гаитис, Душан Перчинков, Миќа Поповиќ, Танас Луловски, Бурхан Доганчај, Лучезар Бојаџиев, Александар Јанкулоски, Атанас Атанасоски, Роберт Јанкулоски, Оливер Мусовиќ.

На пладневното матине во МСУ, покрај вкусните вина и топлите чаеви, посетителите ќе уживаат во изборот на музика на пријателите на уметноста Бојан Чакра, Игор Спироски и Владимир Лазороски.

Влезницата за матинето ги опфаќа сите изложби и ќе изнесува 100 денари.

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе