ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА

Сликарката Цветанка Јованова Хермес со своите дела трага по одговорот на прашањето – Кој сум јас?

Изложбата со која Цветанка Јованова Хермес со своите креации го поставува ултимативното човеково прашање „Кој сум јас?“ ќе се одржи во Порта Македонија, на 21 март, со почеток во 20.30 часот.

„Поврзувањето се извршува со себе-испрашување: Кој гледа? Кој доживува? Кој сум Јас? Целокупната креација е поле на свести во различни облици и појави. Свеста е зрачење од центарот на чистиот Бит“, загатнува Цветанка Јованова Хермес во најава на својата изложба.

„Секој трага по нешто невообичаено, нешто извонредно. Тоа е потрага на егото, да се биде некој кој е специјален, да се биде некој кој е уникатен. Колку повеќе се трудиме да бидеме исклучок, сѐ повеќе сме пообични. Ако станеме обични, самата потрага да се биде обичен е извонредна, зашто ретко некој сака да биде никој, ретко кога некој сака да биде само празен, неисполнет простор. Кога ќе станеме обични, ние стануваме извонредни и одеднаш откриваме дека без потрага сме станале уникатни.

Во таа потрага, дојдов во контакт со себе, празен простор без почеток без крај. Тоа е вечна љубов, безвремено постоење. Го пронајдов битието, спознав Кој сум Јас!“, порачува Јованова.

Нејзината цел и дела се одговор на самозапознавањето, на круцијалните прашања кои го поттикнуваат секого да е тоа што е надминувајќи се себеси и своите очекувања.

Цветанка Јованова е родена во Неготино, Република Македонија, во 1979 година. Дипломирала во 2001 година на ФЛУ во Благоевград, Р. Бугарија – отсек графика и во 2011 година магистрирала на ФЛУ Скопје. Како учесник на неколку групни изложби и на преку 100 колонии, работилници и ликовни перформанси во земјата и странство Јованова цели кон креирање на незаборавни уметнички дела поттикнати од нејзиното искуство и секојдневие.

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе