Ретроспективна изложба на академскиот сликар Решат Амети – „30 години уметност“

Во Даут пашин амам отворена е ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“.

„Националната Галерија како стожер на уметноста во земјата, оваа година ја помина во исклучителни околности поради светската пандемија. Овие времиња се тешки за културата и уметноста. Нашата мисија е да се истрае, со цел и понатаму да бидеме културен, едукативен и стручен сервис за граѓаните, токму преку организирање настани кои ја одбележуваат креативната истрајност на творците. Оваа вечер, под посебни протоколи, ја посветуваме на изложбата „30 години творештво” на нашиот драг и ценет пријател, истакнатиот уметник Решат Амети“, истакна на отворањето директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и на Косово во Македонија, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е отворена во Даут пашиниот амам секој ден од 10-18 часот, освен понеделник.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе