Реакција од Стрип-центар на Македонија: Министерството за култура нема пари за стрипот

Стрип-центарот на Македонија од Велес јавно реагира до Министерството за култура затоа што меѓу проектите за финансирање не е и годинашниот 18-ти Стрип салон/стрип колонија. Како што информираат од СЦМ-Велес, се работи за единствен стрип настан во нашата држава каде што се остварува  комуникација помеѓу стрип автори од нашата и од други земји.

Според Ване Трајков, извршен директор на СЦМ-Велес, овој Салон низ историјата ги отвори вратите на нашите стрип автори запознавајќи ги со нивни колеги од странство.

„На меѓународнот стрип конкурс како дел од овој Салон сѐ повеќе се афирмираат и автори од  земјава. Почнувајќи од 2018 година, оваа активност делува и како интернационална  стрип колонија – една од ретките од ваков обем на меѓународно ниво“,  додава Трајков.

Потенцира дека активностите од овој Салон и стрип колонија се солидно медиумски покриени со што се врши афирмација на деветтата уметност.

„Затоа јавно го повикуваме Министерството за култура да изврши дополнување на донесената програма и 18. Меѓународен стрип салон/стрип колонија да  биде финансиран“, бараат од СЦМ-Велес.

Стрип-центар на Македонија – Велес е застапен во Годишната програма за култура за 2020 преку проекти во издавачка дејност, библиотечна и интердисциплинарна дејност, како и категорија визуелна дејност. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе