Прва Малореканска летна школа за Дичо Зограф во Тресонче

„По патеките на Дичо Зографот“ е првата Малореканска летна школа  насочена кон едукативните и научно-истражувачките активности во познавањето на делото на Дичо Зограф, нашиот најзначаен зограф од XIX век. Школата ќе се одржи од 31 август до 5 септември, почнувјќи од неговото родно село Тресонче.

Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Црковниот одбор и здружението „Брзовец“ од Тресонче, Бигорскиот манастир и Општината Маврово-Ростуше, како организатори на летната школа, информираат дека  активностите ќе се одвиваат во Бигорски, во црквата „Св. Ап. Петар и Павле“ во Тресонче, во Гари, Лазарополе,  Дебар и во манастирот „Рајчица“. За оваа година предвидени се работни секции од доменот на историјата на уметноста, мијачката архитектура и ареалната лингвистика.

Првата Малореканска летна школа ќе почне  в понеделник на 31 август сo свечено отворање во Меморијалниот парк „Дичо Зограф“ во кругот на црквата „Св.Ап. Петар и Павле“ во Тресонче, во присуство на црковна делегација предводена од епископот Антаниски Партениј, градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски, учесниците на школата, гости и тресончани.

Минатата година на 31 август по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зографот беа отворени Меморијален парк, Спомен чешма и Спомен соба. Се одржа трка во планинско трчање „Bistra Trail Ran 2019“, трка во планински велосипедизам од Тресонче до Галичник, Лазарополе и повторно до Тресонче, традиционална тура  „Bistra Adventure 2019“.

Дичо Зограф е роден во 1819 година во Тресонче, во чија историја посебно место заземало резбарството и зографството. Дичо, како и најголем дел од мијаците, се стекнал со високо образование и добро ги владеел книжевниот грчки и старословенскиот црковен јазик, а исто така и духовните прашања. Во минатото речиси немало куќа во Тресонче која не се занимавала барем со еден уметнички занает.

Имајќи ја предвид актуелната состојба со епидемијата на ковид-19 вирусот, организаторите информираат дека ќе се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита, а истото се очекува и од учесниците на школата.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе