Промоција на монографијата „Урбани пејсажи“ од Павле Кузманоски
Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана колор-монографијата „Урбани пејзажи“ од академскиот сликар Павле Кузманоски.
За ова ретко издание ќе говори академик Витомир Митевски. Промоцијата ќе биде
збогатена и со изложба на 25 слики од авторот работени во изминатите шест децении.