Музејот на областа Бузау на Европската вечер на музеуте 2022 се претстави со атрактивна програма која резултираше со посета на над 3.000 посетители, вели Јанкуловски и информира дека се претставил со слики, акрил на платно, од неговото творештво препознатливо според монохромност (користи само црна боја), мултипликација, модуларност и минимализам.
Изложбата ја отворил претседателон на областа Бузау, Еманоил Нигу, поздравен говор имал директорот на Музејот Даниел Костаче, а за творештвото на Јанкуловски зборувале Ангел Александру, историчар на уметност (автор на текстот во каталогот) и Корнелија Конеска, куратор на изложбата.
„Уметноста, генерално, нема точно дефинирана, едноставна дефиниција, но ако ја сметам како предизвик, можам да ја гледам како игра. Но, секоја игра има свои правила кои уметникот си ги наметнува за да го постигне својот креативен пристап, кој многу пати е неверојатен со генијални и неповторливи решенија како да е роден од присуството на шестото сетило кое му помага да ги реши проблемите, наизглед невозможно да се решат. Пред мене е изложбата 'Пофалба на црното' на уметникот Мице Јанкуловски со концепт кој исто така подлежи на ограничувачки канони, кои на прв поглед го намалуваат полето на изразување избегнувајќи фигурација, боја или вредносни разлики, работи кои стануваат правила на игра. Но ова е само изговор за длабинско истражување на стилот веќе специфичен за сликарот, мистериозен стил кој постепено ја открива уметничката порака...
... Мице Јанкуловски е мајстор на длабоката уметност која постепено се открива и се расплетува на неколку тематски рамнини кои делумно се вкрстуваат создавајќи го интелектуалното задоволство специфично за конзумирањето на висококвалитетна уметност", напиша за каталогот на изложбата Ангел Александру, историчар на уметност.